Петар Печков
Објавено: понеделник, 31 мај 2010
Во саботата во 17 час при организирана оперативно-тактичка мерка заседа, лицето е затекнато при продажба на опојна дрога - хероин. Пријавениот користејќи го работно место и време за извршување кривични дела, фатен е на дело е како преку оградата од фабриката му продава опојна дрога хероин на лице од Велес - познат уживател на опојна дрога.
По добиена согласност од сопственикот на фабриката, извршен е преглед врз пријавениот и орманот со личните предмети кои ги должел на работното место, при што во орманот пронајдени се три најлонски опаковки со опојна дрога-хероин. По добивањето на анализата од вештачењето и целосно документирање на случајот, од страна на СВР Велес ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Tweet |